29 Март, 2024
0.0380

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не е против Албанците

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Екс премиерот Никола Груевски во емисијата „200“ на Алсат се обидуваше да докаже дека тој и неговата партија не биле никогаш против Албанците, ниту дека на митинзите некој извикувал против Албанците. Тој кажа дека протестите на кои се извикуваа пароли против Албанците не биле протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски на прашањето како реагира на изјавите на Гордана Јанкулоска во „бомбите“ која Албанците ги викаше Индијанци рече:

-Не знам дали ги нарекувала така, станува збор за креирани материјали, но не знаеме како СДСМ ги нарекува. Станува збор за креирани материјали. Ги осудувам сите навреди кон било кои луѓе, ако има навреди кон Албанците ги осудувам тие навреди, рече Груевски.

Зошто ние би биле против Албанците, јас бев премиер на сите Албанци. Не е случајно што државната администрација која вработуваше 10 проценти Албанци сега вработува 20 проценти во државната администрација благодарение на ВМРО-ДПМНЕ.

Вложивме 400 милиони евра за автопатишта каде доминантно население се Албанците.

Законот за албанскиот јазик, Груевски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува зошто економијата била најважна за Албанците, но и дека законот не бил уставен и можеби ќе паднел на Утавен суд.

-ВМРО-ДПМНЕ нема против употребата на јазиците на сите етнички заедници, 2008 година се донесе законот за употреба на јазиците во време на ВМРО-ДПМНЕ. Ние не сакаме да се донесе Закон кој е противуставен и да падне на Уставен суд. СДСМ оди на картата пред локалните избори да понуди закон за албанскиот јазик, со кој се зголемуваат правата на начини спротивни на Уставот. И тоа што го планираат по изборите, или ќе го коригираат или ќе го променат што не е чесно за Албанците. Сите членови на МАНУ кои го поддржуваат СДСМ, јавно говорат дека законот е неуставен и дека ќе падне на Уставен суд, рече Груевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење