24 Април, 2024
0.0273

Груевски за економските успеси се пофали на Фејсбук

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е уверен дека економските политики кои ги води неговата партија даваат резултати, а тоа го признаваат и меѓународни институции.

- Секогаш кога се работи, резултатите се неминовни. По вторпат неделава Македонија добива признание за економските политики кои ги спроведува – прво од Европската комисија, а денес и од престижниот извештај на фондацијата Херитиџ и Вол Стрит Журнал кои ја рангираат на 31-во место од 186 земји во светот, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

- Македонија е лидер во регионот според Индексот на економски слободи за 2017-та година, при што забележа висок раст од 47 места во споредба со 2006-та година кога државата беше на 78-мо место. Ова ја става земјата пред многу развиени европски економии: Белгија, Шпанија, Фрација, Португалија, Италија, Словенија, Полска, Турција, Русија и други. Напредокот за една година е 16 места, од 47-мо на 31-во место, пишува Груевски.

Груевски додава дека Македонија е една од земјите со најниски даночни стапки во светот и во неа лесно се започнува бизнис, се ценат сопственичките права и слободата на бизнисот. Сето тоа е високо вреднувано од страна на фондацијата Херитиџ и останатите светски реномирани извештаи.

- Овие признанија се само уште еден поттик за понатамошно залагање во насока на подобрување на бизнис климата и деловното опкружување во земјата, кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и отворање на нови работни места. Секое вакво достигнување, секое дело е успех на Македонија, продолжуваме да работиме за сите граѓани, за напредок на нашата држава, напиша Груевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП