19 Април, 2024
0.0303

Групацијата на Карлос Слим планира да инвестира во ИКТ областа во Македонија

Објавено во: Економија 30 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Конкретни детали разгледува бизнис групацијата Карлос Слим за реализација на инвестиција во информатичко-комуникациската технологија во Македонија. Подготвеноста за преминување на одлуките  за инвестирање во понапредна фаза ја пренесе Карлос Слим Јуниор, извршен директор на групацијата и син на најбогатиот човек во светот на средба со македонскиот премиер Никола Груевски.

Карлос Слим Јуниор, соопшти денеска владината служба за информирање, истакна сериозен и извесен интерес за опциите и можностите за инвестиции во нашата земја во областа на информатичко-комунакциските технологии, за што посочи дека неговата бизнис групација веќе ги интензивира, активно ги анализира и продлабочено ги разгледува конкретните детали кои би воделе кон реализација на инвестиција. Тој ја изрази подготвеноста за идно преминување на нивните одлуки во однос на инвестициите во Македонија во многу понапредни фази. Беше покажан и интерес за разгледување на поволностите за инвестиции и во други економски сектори, се вели во соопштението.

Извршниот директор Карлос Слим Јуниор истакнал и дека неговата групација ја почитува реформската агенда на македонската Влада во областите на економијата, образованието, информатичко-комуникациските технологии и во други општествени сфери.

Премиерот Груевски, кој со владин економски тим во Мексико ги претставуваат можностите за инвестирање во Македонија, се заблагодарил за целокупната логистичка поддршка која ја овозможува групацијата на Карлос Слим за промоција на македонските економски и општествени интереси.

Слим Јуниор и Груевски се согласиле дека соработката помеѓу двете страни во идниот период ќе се реализира на многу подинамичен начин и со поинтензивна комуникација.

- На средбата е поздравено силното пријателство кое постои помеѓу Република Македонија и бизнис групацијата на Карлос Слим кое се карактеризира со меѓусебно почитување, поддршка и интенција за конкретна соработка на проекти, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет