ГТЦ доби нов директор!
Објавено во: Економија 09 Август, 2017
На позицијата директор на ГТЦ доаѓа Ѓоко Трајчевски. Тој доаѓа на оваа функција на местото од Аго Абазовски, кој беше дел од партијата на Амди Бајрам
Новиот директор, скопјанецот Ѓоко Трајчевски е дипломиран инженер и пред да стане директор, своето работно искуство го поминал токму во ГТЦ, каде 18 години бил раководител на оделот за одржување на трговскиот центар.
Неодамна, Уставниот суд ги спаси ГТЦ од барок откако Владата на ВМРО ДПМНЕ лани во јули овие објекти ги прогласи за објекти од посебен интерес и му ја зеде ингеренцијата на Општина Центар за нив.