25 Април, 2024
0.0273

Гугл е најпосакуваниот работодавач во светот

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Социјалната мрежа ЛинкедИн објави сопствена листа на најбараните работодавачи во светот. Експертите на компанијата ги анализирале огласите за вработување и тоа кои компании привлекуваат најмногу лица, но и со чии соработници биле одржувани најмногу контакти. Во ЛинкедИн во моментот се регистрирани 175 милиони луѓе. Според истражувањето, најперспективни се ИТ компаниите. На чело на листата како најпосакуван работодавец е Гугл. Потоа следат Епл, Мајкрософт и Фејсбук. Во топ 20 најпосакувани работодавци, влегуваат уште Сејлсфорс, Твитер,туристичкиот сајт Експедиа и консултантската компанија Ацентур. Посебна листа ЛинкедИн направил и според тоа кои компании во кои држави се најбарани. Оттука во САД,  најдобра перспектива како работодавач се смета дека има Гугл, по што следи Компанијата Волт Дизни, додека Фејсбук се најде пред Епл и Мајкрософт. Во Канада најперспективен работодавач е енергетската компанија Санкор Енерџи,  во Австралија компанијата Вејл, а во Бразил Рио Тинто. Индијците пак најчесто сонуваат за веќе споменатата Ацентур. Од листата уште станува јасно уште дека економистите претпочитаат да работат за ревизорските компании како „Deloitte“, “PricewaterhouseCoopers“ и „Ernst & Young“, а експертите за маркетинг во Гугл, Мајкрософт и Униливер.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти