20 Април, 2024
0.0247

Гугл ќе отвори продавници за своите паметни телефони

Објавено во: Стил 17 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Американскиот интернет преберувач Гугл, планира да отвори сопствени продавници. Како што информираат од компанијата, овој план би се реализирал до крајот на годината, а во продавниците ќе се нудат производите на Гугл, таблети и паметни телефони Nexus и Chromebook. Главната причина за отварање на сопствени продавници, според американските медиуми, е да се зголеми да се зголеми продажбата на најновиот производ на компанијата, очилата Google Glasses. Од компанијата очекуваат дека овој уред ќе има многу висока цена земајќи ја предвид цената на прототип Explorer Edition која чинеше 1500 долари во пред-продажба. Се очекува тие да чинат помеѓу 500 и 1.000 долари. Гугл обично има “продавница во продавница” во рамките на синџирот на продавници Best Buy и Dixen во кои главно се работи на промоција на сопствените производи.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган