Добивај вести на Viber
Нов информативен телевизиски канал Н1 ќе почне со работа во текот на 2014 година, наменет за гледачите од државите од поранешна Југославија.
Според најавите на Танјуг, телевизијата Н1 ќе биде специјален партнер на Си-Ен-Ен во регионот на Западен Балкан и ќе емитува програми од студија од Белград, Загреб и Сараево, а ќе има и локални дописништва во повеќе други градови.
Генералниот директор на Н1, Брент Садлер изјави дека новата телевизија ќе има своја специфична програма базирана на новости од регионот, кои ќе бидат истовремено емитувани од трите центри.
Телвизијата ќе емитува и емисии и програми на Си-Ен-Ен со превод на локалните јазици, нагласи Садлер.
Главен инвеститор на Н1 е компанијата „Јунајтед Груп“, која ја сочинуваат српскиот кабелски оператот СББ, „Телемах Словенија“, „Телемах Босна и Херцеговина“ и телевизијата „Тотал ТВ“.