Хакерски напад врз гигантот Роснефт, производството на нафта сигурно
Објавено во: Економија 27 Јуни, 2017
Помеѓу големиот број на украински, британски и руски приватни и државни кои беа мета на голем хакерски напад се најде и рускиот нафтен гигант Роснефт од каде соопштија дека бил извшрен упад во нивните серверски системи.
Сепак, компанијата успеала да обезбеди резервни сервери каде се вршат командите за компјутерско управување со рафинериите каде се произведува нафтата и барем во тој поглед засега нема никаква опасност. Роснефт ќе продолжи да истражува какви штети нанеле хакерите.