18 Април, 2024
0.0272

Халили со ОЦЕНКИ НА БИЗНИСОТ: Ништо не е недостижно со политичка стабилност!

Објавено во: Економија 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

За посериозен економски исчекор, мора да се гарантира политичка стабилност, и во таков амбиент ништо не е недостижно, вели во интервју за “Фактор“ Арбен Халили, економисти и прв човек на технолошко-развојната зона во Тетово. Оценува дека 2017 година е една од најтешките, но затоа пак 2018 ќе биде пресудна за бизнисот, а со тоа и за граѓаните. Очекува дека она што е ставено на хартија, како приоритет на економските политики, ќе биде и остварено.

Инвестициската политика - приоритет …

Фактор: Изминува  година во која економијата некако успеа да оддоле на политичката незивесност. Сепак, бројките покажаа уривање на оптимистичките проекции за позначаен економски раст. Генерално, како  ја оценувате економската 2017 година ?

Халили: Годината која што изминува секако дека беше една од најтешките години во економска гледна точка, а сето тоа е како резултат на исто така  тешка година,  и од политичка гледна точка. Навикнати сме во почетокот на секоја година да ни се презентират оптимистички економски показзатели кои што треба да се остварат на крајот на годината, но за жал никако да се успее во тоа. Сепак имајќи предвид потешкотиите и предизвиците со кои се соочивме како земја, како резултат на таа предолга политичка криза, треба да бидеме задоволни што после толку време сепак се гледа надеж кај стопанството  за идни можни инвестиции и проширување на постоечките капацитети.

Фактор: На економски план – што може да се издвои како позитивен настан или тренд ?

Халили: Да бидеме реални, не дека имаше многу позитивни работи кои што се случија во текот на ова година во еконосмки план. Се однесува за залудно изгубен период во кој  само тие кои беа најхрабри се осмелија да инвестират додека за поголемиот број на компании,  зборот инвестиција  беше поим кој што  лебди некаде во блиското минато. Но ако треба да се издвои  нешто конкретно, тогаш сметам дека подготвеноста  на новата Влада за рамномерен економски развој  би го сметал за конечно вистински чекор за пропорционален развој на земјата. Сепак, останува да го видиме тоа и на дело!

Фактор: Што би можело да издвои како негативен економски тренд?

Халили: Како негативен економски тренд дефинитивно е  недостатокот на инвестициите, особено на капитални инвестиции кои што би биле продуктивни  за поголем економски раст.

Фактор: Во делот на инвестициите , заклучно со третиот квартал има значајно потфрлување. Официјалните податоци покажуваат дека и во вториот и во третиот квартал странските директни инвестиции се во минус. Дали очекувате опоравување на овој план и од што ќе зависи тоа?

Халили: Апсолутно очекувам подобрување на делот на реализирани директни инвестиции од странски компании. Веке можам да потврдам дека имаме зголемен интерес од страна на странски компании за да инвестират во земјата. И тоа се случува веднаш по подобрување на политичката состојба. Само во последните месеци има неколку компании кои се заинтересирани да инвестираат во земјата, за што и имат реализирано директни посети, вклучувајки и во Слободната економска зона во Тетово. Тоа е показател дека решавањето на политичките предизвици за земјата значат и отварање на нови можности за економски зделки. Дополнителните владини мерки за подобрување на инвестиционата политика кои се најавени секако дека позитивно би влијаеле во ова поле. Сепак тоа што е потребно да се подобри е ажурноста на државните институции кога се однесува до процесирање на предметите, односно договорите со можните инвеститори. Во тоа поле има се уште што да се сработи.

Буџет 2018: поставените приоритети да се остварат…

Фактор: Во 2018 година ќе се троши најгломазниот Буџет од 3,44 милиајрди евра. Но во исто време се проектира намалување на буџетсиот дефицит. Дали на хартија се ставија оптимистички и преголеми очекувања за буџетската 2018 година,  Растот е проектиран на 3,2% ?

Халили: Јас споменав и во одговорот на првото прашање дека сме навикнати во почетокот на секоја година да ни се презентират  симпатични бројки  но нивното достигнување често останува само желба. Овој реално е првиот буџет кој што го носи новата влада, и секако дека е очекувано истата да се обиде да произлезе со нешто атрактивно пред јавноста. За нас како жители на ова земја но и како стопанственици најважно е спроведувањето на истиот. Не секогаш зголемено  трошење на финансиски средства, значи и поголема економска ефикасност.  Многу е важно  да се внимава на што ќе се потрошат овие средства. Мора да се внимава дали поставените буџетски приоритети се и реална потреба на стопанството и на граѓаните или пак повеќе се ориентирани на ПР активности. Јас имам надеж дека сепак буџетската проценка за 2018 година, а чија постапка е во лавиринтите на Собранието во моментов, е направена така што ќе овозможи реален економски раст а тоа подразбира и подобрен животен стандард за граѓаните.

Фактор: Што би требало да биде приоритет во новата економска година – како да се врати довербата на инвеститорите?

Халили: Секако дека како приоритет за стопанството останува реализирањето на капитални проекти, подобрување  на инфраструктурата која што често се појавува како предизвик за стопанството. Исто така мора да се спроведе во најбрз можен рок проектот  за подобрување на железничкиот собраќај Од Бугарија па се до Албанија и Италија. Само така ке бидеме пдготвени и поефикасни не само за домашното стопансто туку и за странските инвестиции.

Реформи во судството и политичка стабилност ...  

Фактор: А колку за економијата ќе бидат значајни реформите во судството и вкупната  политичка стабилизација? 

Халили: Главен приоритет остануваат реформите во судството. Без стабилна правна држава, бадијала  се надеваме на економски раст. Не помалку важни се реформите во образовниот систем. Од моментот кога средното образование стана обврзувачко, а без никакви конкретни селективни мерки за тоа кој во какво средно училиште ќе оди, потенцијалот на луѓето кои што стопанството ги апсорбираше како  работна млада сила наеднаш  се изгуби.  Тоа што треба да се направи е да се обрати поголемо внимание кон стручното образование. На крај, па ако некој може да биде поуспешен занатчија и со само основно образование е многу подобро отколку да заврши општо средно и утре да се најде во пазарот на трудот без никаква квалификација. Со други зборови, потребно е веднаш по завршување на основното образование  да се направи селекција на учениците и ориентирање на истите повеќе кон професионални училишта.

Од горенаведеното, ништо не е недостижно ако има политичка стабилност, во спротивно сето ова ќе остане само проектирана желба. Ако Владата успее во најавениот рамномерен економски развој и во новите мерки за привлекување на инвеститори во земјата, тоа ќе бидат значајни чекори кон стабилна економска  земја.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи