19 Април, 2024
0.0460

Халкбанк отсега и во Илинден

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во населбата Илинден е отворена нова филијала на Халкбанк во присуство на главниот извршен директор на банката, Неџдет Палакчи и градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски. На правните и физички лица од оваа општина ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на банката - штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Western Union трансфер на пари, VISA, MasterCard и Maestro платежни картички, електронско банкарство  и друго, велат од Халкбанк. -Среќен сум што денес официјално отвораме уште една филијала, со што се проширува семејството на Халкбанк. Верувам дека отворањето на филијалата ќе придонесе за уште поголем развој на оваа општина, која се наоѓа на стратешки одлична позиција и е во постојан раст ”, изјави Палакчи Градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски, исто така го изрази своето задоволство од отворањето на филијалата. -Би сакал да им се заблагодарам на сите кои се заложија да се отвори оваа филијала. Поддршка од една сериозна банка е многу значаен сегмент за одржливиот развој на општината, особено кога се работи за една од најголемите и најуспешните банки во регионот,” рече Стојановски Дистрибутивната мрежа на Халкбанк сега брои вкупно 28 филијали и експозитури во 12 градови низ државата. Од банката изјавуваат дека следна цел е понатамошно проширување на мрежата со цел да се зголеми достапноста до клиентите, како и подготовка и понуда на нови атрактивни производи.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга