17 Април, 2024
0.0234

Хан е разочаран од изјавите на лидерите кои зборуваат за промени на границите

Објавено во: Балкан 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Европскиот комесар Јоханес Хан денеска ги отфрли како неприфатливи и контрапродуктивни изјавите на одредени лидери од Западен Балкан кои имплицираат промени на границите.

Хан е разочаран од ваквото однесување на политичари од регионот. 

„Изразувам разочарување и, можам да кажам, и лутина поради изјавите на одредени лидери во регионот. Ваквите изјави, кои можат да бидат протолкувани како мешање во соседните земји и имплицираат измена на границите, не се прифатливи и се повеќе од непотребни и контрапродуктивни“ – изјави Хан по средбата со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, во Брисел.

Албанскиот премиер Еди Рама неодамна во интервју за порталот „Политико“ рече дека не ја исклучува унијата меѓу Албанија и Косово доколку продолжи да бледее перспективата на земјите во регионот за влез во ЕУ.

На прашање дали оваа изјава е своевиден притисок врз ЕУ за прием на Албанија и на Косово, Хан рече дека тоа е „погрешен впечаток“.

„Доколку некој верува дека таквата изјава може да изврши притисок, тоа е грешка. Таквата изјава може да има само контраефект. Треба да бидат свесни дека Европејците имаат силен интерес за мир, просперитет и за стабилност во регионот, а тоа може да биде постигнато само преку добрососедски односи, каде сите работат заедно и придонесуваат за развој на регионот “– рече Хан. 

Тој ги повика сите во регионот да се воздржат од таква реторика.

И косовските политичари, по изјавата на Рама дадоа изјави во ист контекст дека е можно обединување, но и дека Голема Албанија не може без Ниш, што предизвика реакции кај српските политичари. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) СНЕЖНА ИДИЛА ВО ДЕЛОВИ ОД ХРВАТСКА: Температурите нагло паднаа

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА И СРБИЈА: Имаше силен ветер, паѓаше град и снег

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

СЕ ОГЛАСИЈА РОДИТЕЛИТЕ НА ДАНКА: Раскажаа како нивниот среќен живот се претвори во кошмар

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Ветерот собори гранки, на планините има снег

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

ИНЦИДЕНТ ВО ПАНЧЕВО: Срби истепале Хрвати, Хрватска упати протестна нота

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ: Дали жената сепак знае каде е телото на детето?

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево

„Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“ - вака им одговори Вучиќ на новинарите од Сараево