24 Април, 2024
0.0272

Хан: Македонија ќе добие препорака за почнување преговори со ЕУ

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

ЕК ќе препорача отворање пристапни преговори со Република Македонија и Албанија, поддржувајќи го проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан. 

Ова го изјавил комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Кан. 

„Европската комисија наскоро ќе препорача земјите-членки да започнат преговори до крајот на летото за пристапување со Албанија и Република Македонија. Сметаме дека двете страни направиле важни реформи во изминатиот период и ги исполнуваат барањата“, изјавил Хан во интервју за германскиот весник „Дие Велт“. 

Македонија аплицира за членство во ЕУ од 2005 година. Таа вложува напори за решавање на спорот за името со соседна Грција, кое датира од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.

 Хан ја цитираше германската канцеларка Ангела Меркел по вчерашната нејзината средба со македонскиот премиер Зоран Заев која рече дека решението за спорот за името "никогаш не било толку близу". 

Албанија пак аплицира за членство во ЕУ од 2014 година и според Хан "досега е направено многу во борбата против организираниот криминал". 

Република Македонија и Албанија треба да и се приклучат на Црна Гора и Србија, кои ги започнаа преговорите за пристапување во 2012 година и 2014 година и можат да станат членки на Унијата најрано во 2025 година.

Европската комисија треба да го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ на 17-ти април.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи