20 Април, 2024
0.0287

Хан: Младите да гласаат, тие може да донесат промени во општеството

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска од Скопје, изјави дека изборите во Македонија се многу важни за ЕУ, но е важен и денот после нивното одржување кога ќе бидеат прифатени како совршени и ќе продолжи спроведувањето на итните приоритети за реформи од новата влада. 

Ова е пораката што еврокомесарот за проширување Јоханес Хан им ја предаде на клучните политички играчи во земјата. 

Според него разговорите биле многу конструктивни од претходните. Хан посочи дека изборите се многу важен чекор за враќање на Македонија во евроатлантските пат, но не помалку важно е да се исполнат сите елементи од Договорот од Пържино кои се подеднакво важни.

Еврокомесарот истакна дека во пресрет на изборите веќе се исполнети многу точки- чистење на избирачките списоци, неутралност и непристрасност во медиумите, но треба и другите прашања да бидат решени - како големината на шесттата единица, на пример. 

Јоханес Хан ја повика новата влада, која ќе биде формирана по изборите, не само да даде ветувања за реформи, туку и да подготви план со јасни рокови поврзани со конкретни реформи кои ќе нема како да бидат неисполнети.

Хан се сретна со партиските лидери, кои ставија потпис на Договорот од Пржино - Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети. 

Одделно разговараше и со премиерот Емил Димитриев, со претставници на граѓанскиот сектор и со шефицата на специјалното обвинителство Катица Јанева.

Хан ги повика младите луѓе да го искористат своето право на глас, истакнувајќи дека тие може да донесат промени во општеството. 

Еврокомесарот ја искористи посетата на Република Македонија, за да даде висока оценка на земјата и регионот за придонесот во справувањето со миграционата криза.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?