25 Април, 2024
0.0437

Харадинај сака дел од Србија се до Ниш?

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Рамуш Харадинај вели дека ќе земе територија од Србија се до градот Ниш. 

Тој пред своите симпатизери вети дека ако стане премиер на Косово, ќе присвои една третина од територијата на Србија.

На Косово се распишани вондредни парламентарни избори кои што ќе бидат одржани на 11-ти јуни. Харадинај со националистичка и популистичка реторика се обидува да привлече што е можно повеќе гласачи.

Харадинај во интервјуто на телевизија Рокум, изјавил дека „треба да им се каже на ЕУ, а посебно на САД, дека Албанците не се народ со кој што некој може да си поигрува или да го исмејува“.

„На оваа тема Европа не прави ништо. Му благодарам на Берлин, од каде што пристигна јасен став во врска со мојот случај, но кога е во прашање Брисел, ова не е фер. Треба да реагира и Америка и да им покаже на Србите каде им е местото“- рече тој. 

Харадинај вели дека Србија треба да го избрише Косово од преамбулата на српскиот Устав.

„Ако Америка и Европа не ја завршат оваа работа, тогаш не ни останува ништо освен да воведеме реципроцитет. Додека тие го држат Косово во својот Устав, тогаш редот е на нас да припоиме една третина од нивната кон нашата територија“-рече Харадинај. 

Српските власти одговорија дека тој може слободно да дојде во Ниш, но дека ќе заврши во затвор. Но, изминативе години српските медиуми пишуваа дека се повеќе Албанци од Косово купуваат имоти во околината на Ниш. 

Албанските политичари од регионот се актуелни со низа провокативни изјави. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)