ХАРАДИНАЈ УАПСЕН ВО ФРАНЦИЈА: Приведен поради злосторства во Косово, по српска потерница
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2017
Француската полиција денеска го уапсила поранешниот хашки обвинет и претседател на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај.
Харадинај е уапсен врз основа на меѓународна потерница која ја издала Србија, јавија албанските медиуми.
Харадинај се наоѓа во притвор во Франција, а претходно е уапсен во Словенија.
Да потсетиме, Србија го гони Харадинај поради убиства и тешки злосторства во Косово во текот на 1998, 1999 година.