ХАВАРИЈА: 2.000 луѓе заглавени во автомобилите поради снег
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Војници и пожарникари се обидуваат да го пробијат патот кон Валенсија, Шпанија.
Околу 2.000 луѓе се заглавени во автомобилите откако снегот ги блокираше патиштата во источна Шпанија, информираа властите во земјата.
На патот кој ги поврзува Мадрид и Валенсија се делеа топло напитоци и ќебиња.
Истото се случуваше и на други релации во регионот.
Прекинати беа и некои железнички линии.
Голем дел од Шпанија оваа недела имаше снег по децении пауза.