19 Април, 2024
0.1837

Нова промоција во Вип

HBO пакет бесплатно цела година, со Vip Комбо

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во годината на прославување на десет годишниот јубилеј од постењето на брендот, Вип со задоволство најавува уште една атрактивна промоција овојпат во рамките на Vip Комбо пакетитесо нова поволност и можност корисниците да изберат согласно нивните потреби за комуникација и за забава.

Со новата понуда, корисниците можат да направат комбинација од мобилни и фиксни услуги во еден Vip Комбо пакет и да добијат: телевизија со најмногу HD канали, супер брз интернет, фиксна и мобилна телефонија и да добијат единствена можност да го гледаат HBO пакетот бесплатно, цела година.

HBO пакетот ги вклучува ТВ каналите HBO, HBO2 и HBO3, каде корисниците можат да ги гледаат најпопуларните светски ТВ серии и филмови додека Vip Комбо корисниците на кабелска технологија, покрај SD квалитет ќе можат да ги следат HBO каналите и во HD квалитет.

Понудата е достапна за сите нови и постојни корисници кои во промотивниот период ќе склучат договор на 24 месеци за било која Vip Комбо тарифа. По истекот на првите 12 месеци, за HBO пакетот ќе важи актуелната претплата од 249 денари месечно.

Дополнително сите корисници кои ќе склучат договор за Vip Комбо преку кабелска технологија добиваат бесплатна интерактивна телевизија со која нема да пропуштат ниту момент од омилената серија или филм, а можат и да ја паузираат програмата, да гледаат емитувана програма од почеток, да снимаат ТВ програма во живо како и да гледаат ТВ програма до 50 ТВ канали, 7 дена наназад и родителска заштита.

Сите нови активации на Vip Комбо добиваат интерактивна телевизија бесплатно. Постоечките корисници на Vip Комбо може да ја активираат интерактивната телевизија доколку на локацијата постои техничка можност, со еднократен надомест.

Со најновата промоција, Вип уште еднаш ја демонстрира својата посветеност кон стратегијата за обезбедување на квалитетни конвергентни комуникациски услуги со најдобра вредност за македонските граѓани.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mkи во Центарот за грижа за корисници 077 1234. 


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ