25 Април, 2024
0.0276

ХЕРИТИЏ: Каде е Македонија според економските слободи?

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Нашата земја се најде на 31-во место според Индексот на економски слободи на американската фондација „Херитиџ“. 

Македонија годинава се вброи во категоријата слободни држави, иако лани беше рангирана како 47-ма. Годинава Македонија доби 70,7 поени, односно за 3,2 повеќе од лани и скокна за 16 места напред на листата.

Оценката за големината на државата и државниот долг исто така е над просекот, со наведување дека долгот е на ниво на 38,6% од БДП, а владиното трошење изнесува 32.2%. Земјава највисоки оценки доби за гарантирањето на слободен пристап до својот пазар и отвореноста за трговија со други држави, даноците и намалувањето на регулаторните пречки за водење бизнис.

Фондацијата „Херитиџ“ секоја година ги рангира државите според четири критериуми: владеење на правото, големина на државниот апарат и долгот, ефикасност на регулаторниот режим и слобода на трговијата.

Македонија како единствена земја од регионот се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, како Естонија, Луксембург, Германија, Австрија, Чешка, Финска и Норвешка.

Од соседните земји, Косово е на 46-то место, Бугарија 47-ма, а Грција е дури 127-ма. 

Годинешниот извештај се карактеризира и по тоа што  САД паднаа на 17 место, и за првпат не се меѓу првите 15 држави, што според Фондацијата „Херитиџ“ е резултат на високиот буџетски дефицит и долг, зголемената улога на државата во економијата и растечките регулаторни пречки за водење бизнис.

Економски најслободни држави според индексот се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, кои единствени се рангирани во највисоката категорија.

На самото дно се комунистички држави како Северна Кореја, Венецуела и Куба, додека земји зафатени од војни како Ирак, Либија, Сирија и Сомалија не се рангирани.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?