Херојот од Лондон награден и унапреден директно од кралицата
Објавено во: Свет 25 Март, 2017
Британскиот пратеник Тобајас Елвуд кој се обиде да го спаси повредениот полицаец во нападот кај Парламентот, е унапреден во советник на кралицата Елизабета Втора.
Оваа одлука ја соопшти кабинетот на британската премиерка, Тереза Меј.
Елвуд е бивш официр чиј брат во 2002 година загина во напад на Бали.
Тој со вештачко дишење се обидел да му помогне на избодениот полицаец.
Сепак, полицаецот Кит Палмер им подлегна на повредите.