28 Март, 2024
0.0248

Хипотекарен кредит на УНИ Банка со фиксна камата од 6,9%

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

УНИБанка нуди нов хипотекарниот кредит со поволна каматна стапка е од 6,9%, фиксна за првата година, со намалени и еднократни трошоци кои изнесуваат 15 еур за разгледување на барањето и 1,25% за негово одобрување. Како што информираат од банката, износот на кредитот е до 100.000 евра, со рок на отплата до 15 години. Обезбедувањето е со хипотека на недвижен имот во вредност од 133 % од износот на кредитот.
„Ова е мошне атрактивен хипотекарен кредит за физички лица кој претставува поволна алтернатива за сите клиенти кои сакаат да ги рефинансираат постоечките обврски за рати по кредити и кредитни картички и да ги заменат со една релаксирана месечна рата“ се вели во соопштението од банката.
Како што информираат од УНИБанка, со овој кредит, исто така, клиентите имаат можност да ги задоволат и своите потреби за реновирање на домот, купување автомобил, да ги организираат своите семејни веселби, да го платат школувањето на своите деца или пак по сопствена потреба и желба да искористат дел од средствата за други тековни потреби.
„На почетокот на 2013 година, во сегментот на кредитирање на население, УНИБанка пласира екстра поволен хипотекарен кредит, со особено ниска и фиксна каматна стапка од 6,9% на годишно ниво. Со тоа, на сите постоечки и потенцијални клиенти им овозможуваме ценовно достапен кредит и поголема сигурност за брзо и едноставно консолидирање на задолжувањата, но и за остварување на нивните тековни планови”, вели Александра Керметчиева, директор на Дирекција за кредитирање на мало во УНИБанка.
Наменет е за сите граѓани, кои својата плата ја примаат во УНИБанка. Клиентите кои ја примале платата во  друга банка во моментот на одобрување на кредитот, имаат можност да ја добијат поволната каматна стапка од 6,9% за првата година на отплата, доколку во времетраење на промотивниот период ја пренасочат својата плата во УНИБанка. Промотивниот период ќе трае од 01 февруари до 01 мај 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија