23 Април, 2024
0.0262

ХОБИТО МУ СТАНА БИЗНИС: Почнал бизнис „Сакам луто“

Објавено во: Агробизнис, Финансии 18 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Почнал бизнис „Сакам луто“ и лани произвел 6 тони пиперки, а оваа година очекува 15 тони.

Горан Врабец од загорско Јаковље пред четири години иако бил сопственик на фирма за видео и аудио опрема, купил семе од чили пиперки и ја замолил мајка му да ги засади во стакленик. Резултатите биле фантастични и хобито му станало бизнис. Оваа година очекува 15 тони, а има и награди за својата работа. Во Лос Анџелес е прогласен за вицепрвак во категоријата Ултра хот.

„ И јас се изненадив од успехот на проектот „Сакам луто“.  Не знаев дека во Загорје растат тие егзотични пиперки. Кога првпат ги набравме, направив вкрстување и добив десет сорти. Направив пресметка на хартија, им кажав на родителите и решивме сериозно да почнеме со бизнис. Ми дадоа пластеник и почнавме со 500 садници“ - раскажува Врабец.

Вели дека се рекламирале на Фејсбук и добиле многу фанови, а оваа година очекува да заработи над милион куни. За овој бизнис се ангажирани шест луѓе, а секоја година површините се зголемуваат. Во 2014 година направил исчекор со тоа што засадил 5000 садници.

Врабец објаснува дека има и други произведувачи на чили пиперки, но тој не се плаши од конкуренција затоа што има добар производ.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари