Хојт Ји во Белград: Да останеме претпазливи во врска со она што Русија се обидува да го прави
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2017
Американскиот заменик помошник државен секретар, Брајан Хојт Ји побара од земјите на Балканот да се чуваат од напорите на Русија да го зголеми нејзиното влијание во регионот.
Тој вели дека Русија сака и да ги поткопа нивните односи со Западот.
„Секако и натаму се надеваме дека Русија ќе игра конструктивна улога на Балканот, како и во минатото, но мора сите да останеме претпазливи во врска со она што Русија се обидува да го прави“- изјави Хојт Ји по средбата со српскиот премиер, Александар Вучиќ во Белград.
Тој вели дека Србија и другите балкански држави би требало да ги интензивираат реформите неопходни за влез во Европската унија.
Ји кажа дека со Вучиќ разговарал за начинот на кој САД можат да му помогнат на регионот да се движи напред, да стане поуспешен, посигурен, стабилен, интегриран во ЕУ и во евроатланските институции како и во борбата против криминалот, трговијата со наркотици и корупцијата.