Холандија бара работна сила - заминете во овие градови
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2017
Холандија бара работна сила за повеќе сектори и индустрии.
Бројот на невработени во земјата по работно место изнесува 2.7, а лани за едно работно место конкурирале 3.9 лица.
Најмногу работници се бараат во провинцијата Зеланд, каде за 40% е зголемен бројот на работни места.
Таму и во Утрехт за едно работно место конкурираат 1.8 невработени лица.
Од друга страна во Гронинген за едно место аплицираат 4 лица.
На северот од Холандија се бараат градежници и луѓе за работа во образование.