Добивај вести на Viber
Холандската банкарска и осигурителна групација ИНГ лани забележа пад на профитот од 32,5 отсто и најави 2.400 откази во Холандија и Белгија. Групацијата лани оствари нето профит од 3,89 милијарди евра, што е за една третина помалку во однос на заработката во 2011 година. Банката наведува дека резултатите ги отсликуваат трошоците на реструктуирањето, загубите на име продажба на високо ризични средства и трошоците на гаранциите во САД.