Холбрук му потпишал на Милошевиќ дека нема да го признаат Косово - документот продаден за милион долари
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2017
Во октомври 1998 година американскиот специјален пратеник, Ричард Холбрук му потпишал ветување на тогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ дека Вашингтон нема да ја признае независноста на Косово.
Подоцна тој документ им бил продаден на САД за еден милион долари.
Српски „Телеграф“ пишува дека досега овој документ важеше за „исчезнат“ и се сметаше дека е загубен или уништен при нападите на НАТО врз СРЈ во 1999 година.
Меѓутоа, според весникот, на барање на американската Амбасада во Белград, „признаницата“ во 2000 година им била продадена на САД за сума од еден милион долари од страна на еден од лидерите на коалицијата Демокоратска опозиција на Србија (ДОС), која во тоа време беше на власт во Белград
„ Еден од лидерите на ДОС се согласил да го земе документот од архивата. Тој за тоа добил еден милион долари“ - тврди за „Српски Телеграф“ извор близок на тогашните власти.
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека докуменетот се наоѓал во аркивата во Кабинетот на Милошевиќ.
„Кога ги уапсија Слобо, тој документ исчезна“- тврди Дачиќ.
Според српскиот медиум САД по секоја цена инсистирале да дојдат до овој документ, со цел да нема писмени докази со кои Србија би можела да го спречи признавањето на независноста на Косово.