Хотели во оваа земја бараат 2700 работници, покрај добра плата нудат и сместување
Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2018
Туристичката компанија Maistra објави дека бара работници за работа во хотели во Ровињ напоменувајќи дека оваа сезона ќе бидат вработени вкупно 2 700 работници.
Кандидатите кои ќе ја поминат селекцијата и ќе станат дел од тимот на Maistra ќе имаат можност за работа во текот на целата година во хотели на Monte Mulini, Lone, Eden и Adriatic.
Како што наведуваат од компанијата, оваа година ќе се отворат дополнителни 200 работни места во однос на лани. Поголем број вработени во чекор го следи се поголемиот обем на работа во претсезона, но и потребата за вработување на нови работници во новиот Grand Park Hotel во Ровињ.
Напоменуваат дека, иако најголем број работници доаѓаат од Истра, интерес има и од соседните земји, а им се овозможува и плаќа сместување на сите вработени кои имаат потреба од тоа.
Исто така, вработените имаат право на два топли оброци, надомест за превоз на работа, а се исплаќаат и додатоци на плата, односно регрес за годишен одмор, божиќни додатоци, јубилејна награда и солидарна помош.