24 Април, 2024
5.4386

Хотелите заинтересирани за енергетската ефикасност

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Сопствениците и менаџерите на хотели во Македонија се запознаа со мерките за зголемување на енергетската ефикасност и со финансиските инструменти за имплементација на мерки за намалување на потрошувачката на енергија на денешната „Конференција за мерки за енергетска ефикасност и пристап до финансии за хотелиерство“, организирана преку швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, во соработка со Министерството за економија и Делта Проект. 

Амбасадата на Швајцарија го препознава потенцијалот и економските можности на туризмот во Македонија и го поддржува развојот на овој сектор преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

„Нашата поддршка за развој на туризмот во Македонија, покрај развојот на вештините на туристичките работници на што работиме заедно со Министерството за економија и швајцарската Академија за хотелски менаџмент од Луцерн, е и во насока на промоција и подобрување на енергетската ефикасност во хотелите за да се подобри и нивната атрактивност за меѓународните туристи“, изјави СибилСутерТехада, амбасадор на Швајцарија во Македонија.

Меѓународните туристи сѐ повеќе се заинтересирани за состојбата со животната средина на дестинацијата која ја посетуваат. Сѐ повеќе туристи се во потрага по „зелени“ дестинации кои се проактивни кон прашањата на животната средина: енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, јаглеродните емисии, зачувувањето на биодиверзитетот и водоснабдувањето.

„Енергетската ефикасност е една од стратешките определби за Владата на Република Македонија, поради што беше донесена и Стратегија за енергетска ефикасност. Според досега направените анализи и врз основа на статистичките податоци, потрошувачката на енергија во резиденцијалниотдел изнесува околу 29% од вкупната финална потрошувачка на енергија, додека на комерцијалниот сектор тоа учество е околу 13%.  Што значи потрошувачката на енергија во зградите каде спаѓаат и големите угостителски објекти и хотелските комплекси изнесува повеќе од 40% од вкупната финална потрошувачка на енергија. Овој податок укажува дека потенцијалот за енергетски заштеди во овие два сектори е значителен. Во исто време, заедно со Швајцарската амбасада организираме интензивни обуки со Академијата за хотелски менаџмент за Мастер – обучувачи од Македонија, кои ќе се обучуваат во три области во хотелиерството. По завршување на обуките ќе добијат Сертификати од Академијата. Сите овие активности се во насока на развој на секторот туризам во Македонија“, потенцираше Дритон Кучи, Министер за економија.

Во Обединетото Кралство, 54% од анкетираните ја земаат в предвид екологијата пред да резервираат патување а 82% би платиле повеќе за „зелени“ услуги и продукти. Во Германија, 30% од туристите бараат да посетат зелени дестинации. Во Македонија, според истражувањето кое го спроведе Делта проект, речиси сите хотели се заинтересирани за спроведување мерки за енергетска ефикасност и воведување на систем за управување со енергија.

„Конференцијата е резултат на претходни активности кои укажаа на нејзината оправданост и потреба. Воспоставени се контакти со речиси сите хотели во Македонија кои покажаа голема заинтересираност за енергетската ефикасност, енергетските контроли и системите за управување со енергија. Сите хотели, кои го пополнија прашалникот, изјавија дека намалувањето на трошоците за енергија би им го зголемило профитот. Тоа се одлични показатели кои отвораат можности за дополнителна работа во областа на енергетската ефикасност“, објасни Жанина Стаменкова од Делта проект, еден од организаторите на конференцијата.

На конференцијата, освен хотелите, учествуваа и фирмите со Лиценца за енергетска контрола, така што беше дадена можност да се остварат контакти за соработка, што е и една од целите на програмата ИМЕ. Покрај тоа, беше промовирана и можноста за поддршка на три заинтересирани хотели за спроведување енергетска контрола и на еден хотел за спроведување на мерките за енергетска ефикасност. 

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!