19 Април, 2024
0.0294

Храната во Хрватска не се контролира доволно

Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

По скандалот со афлатоксинот во млекото, хрватските медиуми ја отворија темата колку всушност се контролира храната во Хрватска и дали законските контроли кои што се спроведуваат институциите се доволни за безбедност на храната.

Како што пишува Нови лист, судејќи според она на што се Хрватска се обврзала со прописите на Европската унија, храната многу малку се контролира. “Имено, го прифативме европскиот систем на самоконтрола, во кој од полето па до масата учествува секој кој што е во производство и продажба на храна и сам одговара за тоа што го нуди на пазарот, додека државата контролира во многу помала мера од порано, пишува весникот.

Кога се работи за кравјото млеко, кое годишно во Хрватска се произведува околу 550.000 тони, според Правилникот за мониторинг на живи животни и производи од животинско потекло, годишно за остатоци на лекови во млекото и на други штетни материи, како и на микотоксини т.е. афлатоксини, се контролираат само 300 примероци, пишува Нови лист.

Од тие 300 примероци, кои државата мора да ги земе од фарма или во млекара пред истекување на млекото од цистерни, само 210 од нив (70 отсто) се контролираат за присутност на резидуи - остатоци од лекови, а само 15 отсто т.е. 45 примероци на микотоксини, габи од сточна храна и други слични штетни материи.

Што се однесува пак до јајцата, кокошките во Хрватска снесуваат околу 850 милиони јајца, а како што велат правилата за државен мониторинг, се прегледуваат најмалку 200 примероци годишно. Во секој примерок мора да има 12 јајца, што значи дека годишно за остатоци од лекови и други штетни материи се прегледуваат само 2.400 јајца, т.е. во вкупното производство едно јајце на 354.000 произведени.

Што се однесува до говедата, треба да се тестираат најмалку 0,4 отсто од вкупниот број на говеда заклани во претходната година. Податоците на Државниот завод за статистика велат дека ако во 2011 година се заклани 246.000 говеда, државата на илјада од нив морала да ги испита остатоците од лекови и други штетни материи; од вкупното производство на свинско месо, половина мора да се преконтролира, како и по сто кокошки, мисирки и други птици на вкупно 60.000 тони произведено пилешко месо

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри