ХРВАТИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ: Им се заканува ли крах во туризмот?
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2017
Туризмот како најважна стопанска гранка во Хрватска има проблем со работна сила, пишуваат хрватските медиуми.
Додека се зборува за недостиг од келнери, готвачи и собарки, малкумина знаат дека земјата има дефицит на високо образовани туристички кадри.
Хотелите тешко наоѓаат менаџери. Оваа година се отворени околу 40 нови хотели во кои се вложени 800 милиони евра. Слични бројки се најавуваат и за идната година.
Се смета дека ако овој тренд продолжи, дека туризмот ќе доживее крах.