Хрватите шокирани: „Кралот на обложувалниците“ го напушта бизнисот
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2017
За помалку од година дена „кралот на обложувалниците“ и еден од најбогатите Хрвати Данко Чориќ се откажал од својот последен излет во финансиските води.
Тој како што пишува Пословни дневник, го продал друштвото за управување со инвестициски фондови на некогашните „млади лавови“ HPB Invest.
Компанијата за трговија и услуги „Позитивна асиметрија“ добила минатата недела одобрение од регулаторите за стекнување на 100-процентен удел во „Зодакс Инвестментс“.
Од кои причини Данко Чориќ, сопственик ка синџирот обложувалници Super Sport со 1000 вработени излегол од сопствеништвото на „Зодакс Инвестментс“, како дошло до идеја купувачот да биде еден од членовите на Управата на тоа друштво и дали е платена некоја премија на трансакцијата останува непознато.
Како неофицијално дознаваат во финансиските кругови, продажбата на Чориќ предизвикала прилично големо изненадување.
Компанијата на Чориќ , „Зодакс“ кон крајот на јануари добила одобрување за основање на „Зодакс Инвестментс“.
Компанијата во фондовските води веднаш запловила прилично важно. Со отворен паричен фонд „Zodaks Cash“, ги основале и првите два хеџ фондови во Хрватска под името „Anchor„ и „Mooring“.
Се работи за фондови наменети за квалификувани вложувачи, односно инвеститори кои имаат нешто повеќе финансиско знаење, но и расположливи пари од вообичаените вложувачи во инвестиционите фондови.
Веќе кон крајот на април „одакс Инвестментс“ го презема од „KD Locusta“ фондови алтернативниот фонд во кој тогаш се наоѓале 35 милиони куни имот. И таа трансакција останала извршена под превезот на тајната што се однесува до платениот износ. Во Примус, според податоците за крајот на октомври, се наоѓале помалку од 33 милиони куни.