28 Март, 2024
0.0253

ХРВАТИТЕ УСПЕАА: Бебешките кашички на „Хип“ со ист состав како во Германија

Објавено во: Економија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Светски познатата прехранбена компанија „Хип“ објави дека во иднина на хрватскиот пазар ќе пласира бебешки кашички со иста содржина на зеленчук како и во германските продавници. Ова е голема победа за хрватските потрошувачи откако беа објавени резултатите на истражувањето иницирано од европарламентарката Билјана Борзан, а со кои се докажа дека производите на „Хип“ во Хрватска содржат помал процент зеленчук и омега- 3 масни киселини.

Со истражувањето се покажа дека големите мултинационални компании на источноевропските и балканските пазари пласираат производи со послаб квалитет во споредба со западноевропските. Само кај 4 од тестираните 26 производи немало разлика во квалитет и во цена. Кај 54 отсто од производите била утврдена разлика во квалитетот, додека повеќе од 60 отсто во моментот на купување биле поскапи на хрватскиот пазар.

Иста рецептура

- Состојките на храната за деца се јасно означени на амбалажата. Но, поради јавната расправа за различните рецепти во европските држави, сфативме дека тоа би можело да доведе до погрешни толкувања за кои многу се жалиме. Одлучивме повторно да го покренеме производството на „Хип“ кашичката со ориз, морков и мисиркино месо по рецептура еднаква на таа во Германија- изјави портпаролката на „Хип“.

Европратеничката Борзан одлуката на „Хип“ ја прогласи за голема победа за себе и за хрватските потрошувачи.

- Ја поздравувам одлуката на „Хип“. Ова е голема победа за мене и за хрватските потрошувачи. Успеавме да ги заштитиме најранливите, малите деца, од второкласни производи кои се помалку здрави. Цело време ми зборуваа дека ова е тешка битка, да се чувам од мултинационалните компании, но примерот на „Хип“ покажа дека кога знаеш дека си во право и кога имаш црно на бело, тогаш можеш да поместиш и планина- изјави Борзан.

Таа очекува и другите производители да го следат овој пример.

Без промени кај нас

За тоа каков е квалитетот на познатите брендови кои се продаваат во Македонија не може да се даде сигурен одговор. Хрватската европратеничка Борзан во интервју за Фактор.мк рече дека е многу веројатно и Македонците се потрошувачи од втор ред во Европа и добиваат производи со послаб квалитет.

За тоа сведочи и претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија Маријана Лончар Велкова, која посочи пример кога им донеле два примерока на бебешко млеко од ист бренд, едното за европски, а другото за македонски пазар. Иако цената им била речиси иста, квалитетот многу се разликувал на штета на производот за македонски пазар.

Кај нас досега не е направено лабораториско испитување на производи заради споредбено утврдување на квалитетот. Во Агенцијата за храна и ветеринарство се испитува безбедноста и квалитетот на производите, но, само од аспект на проверка дали она што е запишано на декларацијата соодветствува со составот.

(М.Б.)

ИНТЕРВЈУ БОРЗАН: Докажавме дека некои светски брендови немаат ист квалитет во побогатите и посиромашните земји


Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“