19 Април, 2024
0.0252

Хрватот, кој го обиколи светот речиси без пари: Поевтино ми е да патувам низ светот, отколку да живеам во Загреб

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Од брокер на берзата до писател патник. Финансиската криза го остава Хрватот Томислав Перко без пари и со акумулирани долгови. Во потрага по излез тој  го фаќа патот и го претвора во свој дом. Користи алтернативни начини на патување - патува со стоп, наоѓа место за ноќевање преку платформата Couchsurfing, заработува пари правејќи различни нешта за одреден период или обезбедува волонтерска работа за храна, засолниште или транспорт. Така успева да обиколи голем дел од светот речиси без пари. Авантурите гои пишува во блогот tomislavperko.com и во книгата 1000 Days of Spring, преведен веќе на неколку јазици.

Како се патува по светот без пари и што учиш за себе на патот - ви пренесуваме дел од едно интервју објавено во светски медиуми во кое овој авантурист раскажува како изгледа неговиот живот.

Како се решил на овој чекор?

„Во 2007/08 имав доста различен живот. Работев како брокер на берзата. Сериозна работа. Имав доста добар живот. Но дојде финансиската криза и изгубив сè што имав, само за неколку недели. Почнав да се прашувам што да правам со својот живот. Случајно ја открив платформата за разменето гостување Couchsurfing. Дома почнаа да ми доаѓаат многу луѓе и да откриваат еден сосема нов свет пред мене. Пред да ги сретнам, секогаш мислев дека треба да имам многу пари, за да патувам. Но се обидов и видов дека е всушност прилично лесно. Моето прво патување беше до Бугарија - патував со стоп од Загреб до Софија. Таму поминав 4 дена само за 40 евра. И си реков дека можеби треба да продолжам да патувам така. Патував, потоа почнав да пишувам за патувањето во блог. Напишав и книга.

Љубопитноста дефинитивно била фактор за Хрватот.

„Сакав да заборавам сè што знам, и патувајќи низ светот, сам да најдам одговори. Не да верувам слепо на приказните на другите луѓе за работите од животот. Туку сам да искусам сè и да ги најдам своите одговори. Имам универзитетско образование - магистер по бизнис и економија. Но, знаев дека патувањето во светот ќе ми даде оваа подготовка за животот, од која навистина имав потреба

Како успева да патува во светот речиси без пари?

Во поголемиот дел наоѓав место за ноќевање преку Couchsurfing. Понекогаш спиев во шатор или обезбедување спиење преку волонтерски труд. Вториот голем трошок е за транспорт. Затоа поголемиот дел од времето го патував стопер и речиси не сум имал трошоци за патување. Се разбира, понекогаш се случуваше да патувам со авион, воз или автобус, но во многу евтини земји. Третиот главен трошок е за храна. Но повторно може да ти излезе поевтино, ако купуваш храна од супермаркет или од пазарот и си готвиш сам. Се разбира, сето тоа зависи каков стил на патување претпочиташ. Познавам многу луѓе на кои мојот начин на патување не им се допаѓа. Иако знаат дека е поевтино да се патува така, тие не сакаат да патуваат како стопер или да уживаат со Couchsurfing. Но за мене тоа беше ок, бидејќи тоа беше единствениот начин за патување, кој можев да си го дозволам.

Која е земјата која го импресионирала најмногу ....

Земјите во кои сум поминал најмногу време, ми се најдраги, пр. Индија, Австралија, Еквадор, Малави. Многу се, но всушност тоа зависи повеќе од луѓето со кои се среќавав таму, од храната, од времето, итн . Но најмногу гостопримливи се покажаа всушност земјите кои смета за опасни, како Ирак, Иран, Пакистан, Бангладеш. Земјите во кои не очекуваш луѓето да се гостопримливи и великодушни, ме изненадија најмногу.

Што ги обединува и дели луѓето во светот?

Она што нè обединува е нашата природа. Сите сме исти, без разлика дали во Африка, Јужна Америка, итн . Имаме голема мера исти соништа и желби. Се смееме на ист начин, сакаме на ист начин. Постојат мали разлики, но тие се незначителни. 

Многу луѓе го сметаат патувањето во странство за скапо задоволство. Што би им порачал?

Не е. Ми излегува поевтино да патувам низ светот, отколку да живеам во мојот град. Бидејќи барем не ми се наметнува да плаќам кирија. Мојот совет би бил, ако ви се патува, патувајте и не му ја мислете многу. Луѓето премногу размислуваат што ќе се случи ако се направи ова или она. И така никогаш не тргнуваат. И потоа жалат. Ако некој сака да патува, ќе најде начин. Инаку може да се најдат многу изговори да не патуваш - немам пари, јас сум жена, имам деца. Патувањето нема да ги реши проблемите во животот, но има позитивни страни.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре