Хрватска денеска гласа - што избираат?
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2017
Во Хрватска денеска се одржуваат локални избори на кои право на глас имаат над 3,7 милиони граѓани.
За 9.500 функции на локално и на регионално ниво се пријавиле повеќе од 47. 600 кандидати што е помал број во споредба со пред четири години. Се гласа за општинските, градски совети и жупаниските совети, началници, градоначалници, жупани и нивни заменици во 428 општини, 127 градови и 21 општина. На изборите ќе учествуваат 126 политички партии. За градоначалници и општински началници ќе се борат 1.716, кандидати пренесува Хина. За заменици на жупаните од редовите на националните малцинства има 23 кандидат, а за заменици на градоначалниците и 129. Избирачките места се отвораат во 7, а се затвораат во 19 часот. Гласачите ќе добијат четири ливчиња при гласање.