Добивај вести на Viber
Во 2013 година, Хрватска ќе биде водечка туристички дестинација во Европа, покажале резултатите од анкетата спроведена од страна на Здружението на турските туристички новинари.
Според оваа анкета и веста која ја пренесе регионалниот портал „SETimes“, Хрватска која годинава станува дел од Европската Унија се најде на самиот врв на листата.
На второ место според оваа студија се наоѓа Турција. На врвот на листата, меѓу петте најдобри европски туристички дестинации за 2013 година се најдоа Чешка, Португалија и Исланд.