Хрватска и САД со ист проблем, високата цена за производство на монети!
Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2013
Хрватите плаќаат по 3,29 куни за производство на монетата од една куна. Како што пишува на хрватскиот монетарен институт на својата веб страница, во составот на една монета од една куна – 65 отсто бакар, 23,2 отсто никел, 11,8 отсто цинк, а масата на монетата е пет грама.
Оттука, пресметува порталот „Рoslovni.hr“, земајќи го во предвид курсот на Хрватската народна банка, излегува дека за една куна е потребно да се потрошат 3,29 куни.
И во САД ист проблем... Американските власти веќе анализираат како да се намали цената на производството на своите монети. Тие за производство на монетата од еден, трошат 2,4 центи. Според најавите на Федералниот оддел за буџет и финансии, во 2013 година на производство на монети треба да заштедат 57 милиони долари и тоа со поевтинување на составот за производство.