25 Април, 2024
0.1490

Хрватска ќе наплаќа „данок на шунд“, за класична музика 5%, а за рок 25%

Објавено во: Балкан 05 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Хрватското Министерство за финансии се одлучи на нов потег, а тоа е враќање на данокот на шунд, пишува загребскиот весник „Јутарњи лист“, наведувајќи дека за сериозната музика ДДВ-то би било 5%, а за рокот и фестивалите дури 25%.

Пред членството на земјата во ЕУ нулта стапката на ДДВ, која важеше за книгите и театарските и кино билетите „заминува во историјата“, наведува весникот, укажувајќи дека веќе се знае оти за книгите ќе се применуваат привилегирани стапки на ДДВ од 5%.

Владата овие денови треба да одлучи и за привилегираната стапка на ДДВ на театарските, кино, музејските и концертните билети, односно за четири категории влезници кои во повеќето земји од Унијата се обединети во една категорија - „билети за културни настани“.

Независно од тоа за какви претстави, филмови или концерти станува збор, тие имаат иста стапка на ДДВ, најчесто привилегирана, потсетува „Јутарњи лист“, давајќи ги како пример Словенија со 8,5%, Австрија и Италија со стапка од 10%, Полска и Шпанија со 8%, Шведска и Холандија со 6%.

Исклучок од ваквата пракса е Велика Британија, каде нема привилегирана стапка на ДДВ-то за ниту еден културен настан.

Во предлогот хрватското Министерство се раководело според позитивната пракса, а и Министерството за култура дало препорака стапката на ДДВ-то на влезниците за сите културни случувања да изнесува пет отсто.

Со ваквиот став, укажува весникот, Министерството за финансии како повторно да го воведува социјалистичкиот „данок на шундот“, според чии одредби произледува дека дури и најлошите филмови на Жан Клод ван Дам, на пример, или најлошата театарска пиеса претставуваат уметност и култура, а концертите на Бијонсе, Роби Вилијамс или домашната група „Ладно пиво“ не.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци