ХРВАТСКА: Каде има најскапи, а каде најевтини станови?
Објавено во: Економија, Балкан 20 Јануари, 2017
Според сајтот за недвижнини Crozilla.com во Загреб во просек квадрат станбена површина чини 1600 евра.
За Осијек лани просекот бил 957 евра по квадрат.
Континенталните градови биле најевтини и лани за Сисак просекот за квадрат бил 705 евра, во Бјеловара 785 евра. Интересно е дека во Сисак каде се нудат на продажба 400 станови има цени и пониски од 300 евра за квадрат.
Но, ова се станови во стари згради на поткровје или на приземје и за нив е потребно дополнително вложување. Токму од овие причини цените се пониски.