Хрватска одлучи да ги отвори досиејата на УДБА
Објавено во: Балкан 29 Март, 2017
Хрватскиот парламент со огромно мнозинство одлучи да ги отвори досиејата, создавани од злобна југословенска државна безбедност - УДБА, во времето на Јосип Броз Тито.
Предлогот за обелоденувањето на досиејата беше направено од Движењето "Мост" на Божо Петров, кој учествува во коалициската влада на Андреј Пленковиќ (Хрватска демократска заедница).
"За" предлогот гласаа 114 пратеници од вкупно присутни 117 пратеници во пленарната сала на Саборот. Три лица се воздржале од гласање. Отворањето на досиејата се однесува за периодот до 22 декември 1990 година.
Србија е меѓу единствените земји од поранешна Југославија, која и до денес одбива да ги отвори архивите на УДБА.
Во Македонија Државниот архив започна да ги објавува досиејата во посебни изданија. Властите во Скопје открија дека во земјата од УДБА биле прогонувани во 60-тите година на минатиот век над 136 000 луѓе.