Добивај вести на Viber
Kриминална група која што се занимава со печатење на фалсификувани пари разби хрватската полиција во соработка со Европол.Членовите на групата се осомничени дека во промет пуштиле најмалку 180.000 лажни евра и покрај тоа што се сомнева дека износот е многу поголем.
Вкупно 11 лица се уапсени и денес се одведени на сослушување во Уредот за откривање на корупција и организиран криминал. Меѓу притворените е и една жена.
Според медиумите во Загреб, помеѓу притворените е и сопственикот на ланецот менувачници, Миро Чалушиќ, кој во почетокот на јануари беше приведен поради пласирање на лажни девизи, закани, измами, фалсификати и кражби.