ХРВАТСКА СЕ СМАЛУВА: Колку жители ќе има за една деценија?
Објавено во: Балкан 24 Март, 2017
Се очекува во наредните 10 години од Хрватска ќе се иселат еден милион граѓани
Во последните неколку години многу млади се иселиле од Хрватска. Покрај нив, се селат и луѓе кои се на возраст од 50 години.
Според официјалните податоци, најчесто заминуваат во Германија и Австрија. Бројката за која се говори се движи од 90.000 до 100.000 луѓе кои се иселуваат годишно. Најголем број на иселени граѓани се со високо образование. Докторите се оние кои најлесно се решаваат на овој чекор.
Медиумите од регионот деновиве пишуваат дека Хрватска за 10 години ќе има само 3 милиони жиели.
Доколку продолжат постоечките трендови на морталитет и иселување на населението, Хрватска за 10 години би можела да има 3 милиони жители, изјави хрватскиот демограф Стјепан Штерц.
Тој тврди дека „во следните пет до 10 години би можеле да се урнат пензискиот, здравствениот и образовниот систем, како и системот на работна сила, што се темели на секоја држава“.