Добивај вести на Viber
Утре во Загреб треба да биде потпишан Меморандум за изградба на хрватскиот дел од големиот гасовод Јужен Поток, пишуваат регионалните медиуми. Меморандумот според најавите ќе го потпишат првиот човек на хрватска гасна компанија Плинакро, Младен Антуновиќ и шефот на руски Газпром, Алексеј Милер.
Се работи за двосмерен гасовод кој ќе ги поврзува Хрватска и Србија на релација Сотин – Бачко Ново Село и ќе овозможи трансфер на 2,7 милијарди нормални метри кубни гас годишно помеѓу двете држави.
Плинакро ќе биде задолжена за изградбата на двоводниот гасовод од Сотин до Слободанице, каде ќе биде спојот на националниот гасовод. Гасоводот е долг 100 километри, а инвестицијата е вредна 60 милиони евра. Половина од парите ќе даде хрватски Плинакро, а другата половина ќе ја финасисра Газпром. Откако гасоводот ќе биде изграден, Газпром Експорт ќе го закупи целиот негов капацитет.
За аналитичарите од оваа зделка може да се заклучи дека руската компанија има сериозни планови на хрватскиот пазар, како и тоа дека целиот овој проект е важен за Хрватска.