Хрватска со меѓународна потерница ќе го бара Ивица Тодориќ
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2017
Јавното обвинителство во Хрватска денеска распиша меѓународна потерница по тајкунот Ивица Тодориќ, на кого му е изречена мерка притвор во негово отсуство.
Тој е обвинет за незаконско присвојување на 189 милиони евра.
Се претпоставува дека најбогатиот Хрват е во Британија.
Заедно со Тодориќ, обвинети се и неговите синови Иван и Анте, како и 12 менаџери и ревизори на Агрокор. Судот сите ги пушти да се бранат од слобода, но побара притвор за Тодориќ.
Хрватскиот претприемач Ивица Тодориќ благодарение на Агрокор го зазема третото место на топ-листата на хрватските профитери, пишуваа претходно хрватските медиуми.