25 Април, 2024
0.0276

Хрватска старее, демографите ја обвинуваат државата за лоша политика

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Додека невработеност во време на криза постојано расте, а оние кои работат се плашат дали ќе останат без работа или ќе живеат со плата која едвај ги покрива трошоците за живот, неизвесната демографска иднина на Хрватска не е нешто за што државата презема сериозни мерки за подобрување на состојбите, пишува Вечерњи лист. Хрватското население тоне во длабока старост, а прашањето кој ќе работи за идните пензии, за социјалното и здравствено осигурување останува неодговорено. Ако не се преземат мерки и ако бројот на новородени деца се уште паѓа наместо да расте, нас може да ни биде полошо отколку на сегашните пензионери, пишува весникот и додава дека Според Државниот завод за статистика, минатата година 41.197 деца се родени, што е пет проценти (2164) помалку отколку во 2010 година. „ Хрватска и нејзината законодавната и извршната власт не треба да чекаат на совршено време за економскиот развој на земјата во кое ќе се создадат предуслови за демографската обновување бидејќи такво совршено време никогаш нема да постои. Неопходно е да се бидат родени најмалку 55.000 деца годишно. Значи треба да се стимулира зголемување на наталитетот, со давање на надоместок за секое родено дете и тоа од 5000 до 10.000 евра. И покрај проблемите со буџетот и тешката економска ситуација, со цел да се избегне пад на населението и изумирање на Хрватите односно стареењето на населението, мора да се донесе одлука за одвојување средства од буџетот за оваа намена и тоа во висина од 1,6-3,2 проценти, вели професорот Стјепан Штрец, од одделот по географија на Природно-математичкиот Факултет во Загреб. Со оваа теза се согласува и познатиот хрватски демограф,  професорот Анѓелко Акрап, кој за весникот вели дека е добро ако бројот на деца во Хрватска достигне околу 60.000.  Намалувањето на бројот на раѓања, вели тој, е резултат на високата стапка на невработеност кај младите луѓе, а Хрватска има највисока стапка на невработеност меѓу младите, нерешени домување, работа на определено време и куп други проблеми поради кои и оние млади луѓе кои работат не може добијат кредит за да створат покрив над главата. Сепак професорот верува дека без оглед на кризата, добртата популациона политика може да се подобри и тоа многу. „Во развиените земји решавањето на неопходниот простор за домување потребен за секое семејство не е оставено на скапиот банкарски систем, туку Владата го субвенционира, а само оние кои бараат луксуз, тогаш сами си плаќаат. Најдобра демографска слика во Европа имаат развиените земји. Од 12 најразвиени земји, само три немаат добра демографијата и тоа Германија, Австрија и Швајцарија, бидејќи тие немаат добра социјална политика кон жените, за разлика од нордиските земји и Франција. Дали младите ќе се одлучат да имаат бебе или не,  тоа треба да биде прашање на избор, а не да се наоѓаат во таква ситуација кога сакаат деца, ама не можат бидејќи им е загрозена егзистенцијата“, вели познатиот демограф. Кој би сакал да се пресели во Хрватска и да спие во шатор? Демографот Акрап не се согласува со ставовите на оние кои велат дека демографската ситуација во Хрватска лесно ќе се реши во иднина со населување на жители од другите земји и со увоз на работна сила. На ваквите изјави,  тој одговора со прашањето: „Ако не можете сопствениот народ да му обезбедите ниту стан, тогаш зарем  други луѓе ќе дојдат во Хрватска да спијат во шатор!“  

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци