Добивај вести на Viber
Хрватската компанија Док-Инг Аутомотив до крајот на јануари ќе направи прв од пет тестирачки модели на градски луксузен електричен автомобил ХД концепт, во чиј развој се вложени преку два милиона евра.
- Ги правиме за сопствени потреби, да ги разјасниме деталите, а потоа следи постапка за добивање на дозвола, па сериско производство кое планираме да го почнеме до крајот на годината - изјави генералниот директор на компанијата Док- Инг Вјекослав Мајетиќ, а пренесува интернет порталот Деловен дневник.