Хрватската индустрија со трет најголем раст во Европа
Објавено во: Економија 14 Декември, 2017
Извештајот на Европскиот статистички уред покажува дека во Хрватска е забележан најголем пораст на индустриското производство во октомври во однос на претходниот месец меѓу земјите во Европската Унија.
Сезонски прилагоденото индустриско производство во октомври пораснало за 2,7 отсто на месечно ново, со што темпото е зголемено во однос на септември, кога било зголемено за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Евростат.
На месечно ново најголем пораст забележува Ирска со 10,6 отсто, потоа Данска со 2,8 отсто.
Намалено производство во однос на претходниот месец е забележано кај Малта за 6,1 отсто, Португалија за 2,3 отсто и Германија за 1,8 отсто.