25 Април, 2024
0.0366

Хрватски „Конструктор“ отиде во стечај

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Хрватскта градежна компанија „Конструктор“ оди во стечај, а одговорноста за тоа оди на адреса на сопствениците и на менаџментот на компанијата, пренесуваат хрватските медиуми. Според изјавата на хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ, за градежната компанија во моментов нема друг излез, освен стечај, а за тоа најголема вина има однесувањето на сопствениците и на менаџментот кои не разговараа со доверителите, туку сопственикот основа нова компанија, на која ги префрли работниците и имотот, а долговите ги остави на „Конструктор“. Компанијата е со блокирани сметки, уште од ноември минатата година, а беа блокирани 17 сметки поради долг од приближно 10 милиони евра што го има на име данок.  Уште тогаш, хрватскиот министер за финансии го обвини сопственикот на компанијата, Жељко Ждериќ, дека не се грижи за работниците, туку само за своите лични интереси. Во август лани Министерството за сообраќај на Хрватска и „Конструктор инженеринг“ ги пребија меѓусебните долгови, а беше постигнат и договор со неколку банки за уплата на средства наменети за плати на работниците. На компанијата веднаш и' беше одблокирана сметката и работниците се вратија на градилиштата. Но, набрзо дојде до ново блокирање, па сега веќе се доведува во прашање повторното почнување на договорените работи. Градежната фирма „Конструктор“ од Сплит,  во Македонија беше ангажирана на изградба на дел од „Скопје 2014“.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци