Добивај вести на Viber
Компанијата „Хрватски Телеком“ (Т-ХТ) минатата година ја заврши со пад на вкупните приходи за 7,6% во однос на претходната година, на 7,45 милијарди куни (991 милион евра).
Како што пренесуваат хрватските медиуми, според финансискиот извештај на оператoрот, основните приходи на компанијата лани се намалиле за 7,8%, додека нето добивката е намалена за 6,4% на 1,69 милијарди куни.
На продажбата на смарт телефоните отпаѓаат 52% од вкупниот број на продадени уреди, додека бројот на корисниците на мобилниот интернет на Т-ХТ е зголемен за 30,5% на 862,183 претплатници.