Хрватскиот генерал кој се отру во Хаг оставил проштално писмо
Објавено во: Балкан 01 Декември, 2017
Хрватскиот генерал Слободан Праљак, кој се самоуби во Хашкиот трибунал пиејќи отров додека му беше изрекувана пресудата, оставил проштално писмо.
Во писмото бара да биде кремиран и пепелта да биде растурена по гробиштата Мирогој.
Според „Вечерњи лист“, генералот Праљак го испратил писмото до своето семејство пред две години, и порачал тоа да се отвори во случај на негова смрт.
Весникот наведува дека генералот две години се подготвувал за самоубиство, но не го информирал семејството за тоа.
Праљак испи отров додека судијата во Хаг му изрекуваше казна затвор од 20 години за воени злосторства извршени врз Бошњаци за време на војната во БиХ.
Сите се зачудија како е можно да се внесе отров во судницата каде контролата е строга.