25 Април, 2024
0.0297

Хуавеи ги испраќа најдобрите пет студенти на студиска посета во Кина - министерот Манчевски ќе присуствува на доделувањето на ваучерите

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Хуавеи во рамки на програмата  „Семиња за иднината“, на петте најдобри студенти во областа на Информатички технологии и Телекомуникации им овозможува студиска посета во Кина. На доделувањето на ваучерите,  ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, менаџерот на Хуавеи во Македонија Зхоу Јиадон и амбасадорката на Република Кина во Македонија Јин Лисијен.

Настанот ќе се одржи на 24 јули (понеделник) во МКЦ Клуб ресторанот со почеток од 13 часот.

Со цел намалување на јазот на знаењето и промовирање на индустрискиот развој, македонската Влада изрази подготвеност да ја поддржи програмата „Семиња за иднината“, за 2017 година.

Петте најдобри студенти ќе имаат можност да присуствуваат на демонстрацијата на најновата ICT технологија, да учествуваат во работилници каде што се сретнат со високи извршни директори и експерти од Хуавеи. Исто така ќе посетат и часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија.

Изборот на студентите беше јавно објавен со допис до универзитетите и објавен на страната на МИОА.

Програмата на компанијата Хуавеи „Семиња за иднината“, ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество. Програмата во Македонија се реализира по втор пат.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка