20 Април, 2024
0.0308

Хуманитарна акција на OKTA и Црвениот крст на Скопје

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Црвениот крст и здружението на жени кои функционираат во рамките на ОКТА, во соработка со Црвениот крст на Скопје, иницираат хуманитарна акција со која вработените во рафинеријата заедно со своите семејства ќе донираат облека, обувки, постелнини, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови. Вработените на ОКТА во следните недела дена ќе имаат можност да донираат, а собраните работи ќе бидат доставени во Црвениот крст на Скопје, од каде ќе бидат дистрибуирани таму каде што има потреба.
Активното учество на вработените во оваа акција претставува значаен придонес во напорите на Окта за создавање на подобар свет. Големиот одзив на вработените е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа хуманитарна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за помош на најзагрозените семејства, кои најчесто се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена”, изјави Дејан Стојковски, претседател на Црвениот Крст за ОКТА.
Оваа донација е само еден од низата чекори кои ги презема ОКТА за обезбедување подобри животни услови и посигурна иднина за оние кои имаат потреба од помош. Затоа ОКТА и понатаму ќе презема активности кои ќе имаат за цел подобрување на квалитетот на животот на населението, посочуваат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга